Sunday, January 13, 2019


         Продади Вредност Не Предмет-Тоа Што Тој Сакa 

Продади вредност не предмет-Пенкало вредно колку годишниот бонус на директорите
Свикан борд на директори во Форд, тема –пад на продажба. Како обично и бива, веднаш се кренало паника. На кој начин може да се стопира и како да се подобри ситуацијата. Како да се продаде повеќе возила.
Возила имаме, квалитет исто така, за бренд и да не зборуваме. Што е тоа што ни фали?
Продади вредност не предмет
Анализата направена меѓу продавачите покажува дека ги имаат сите информации. Не им фали ништо. Имаат и бонуси дури. Што тоа фали ако имаат СЕ?
Во аголот на големата округла маса најстариот меѓу нив почнал да се смее.

Очигледно знаел зошто.

Веднаш го привлекол вниманието на сите.
Настанал молк. Сите очекувале д се изјасни најстариот меѓу нив. Оној кој би требало да не ги знае новите методи. Тој де кој не е со модерните токови и системи.
Старецот извадил пенкало го ставил на врвот од чашата и запрашал.
Колеги, колку чини ова пенкало ?
Почнале надавањата, од 1 долар до неколку стотици. Сите ја очекувале информацијата за вистинската вредност. Сакајки да се пошегуваат некои од нив на старецот му префрлиле дека можеби и не пишува.


Секако потценувањето било и дел на работењето на некои од нив. Но одговорот на толку едноставно прашање ни тие не го знаеле.
-Колеги ако со ова пенкали треба да го потпишам чекот за вашиот годишен бонус, колку ќе вреди?
-Ако вашиот бонус е 8.5 милиона долари, колку ќе вреди ова пенкало. Без него нема ни чек.

Ако на купците почнеме да им продаваме вредност а не производ, проблемот ке биде минато.

Видат ли дека за вложените пари добиваат многу повеќе а добиваат.
За вложените пари да добијат повеќе задоволство а добиват.
И за вложеното да добијат и повеќе квалитет а ќе добијат.
Тогаш промовирањето на вредноста ја надвладува цената.
Се добива задоволен муштерија, задоволен за потрошеното и добиеното.
-А ако на било кој човек на улица му ја понудите нашата најнова лимузина за 100 долара.Што мислите дали ќе размислува да ја купи или НЕ? Дали ќе се жали дека нема пари? Ќе не праша ли каде да позајми пари ако ги нема?
 Очигледно сите се сложиа дека за тие пари и да нема, ЌЕ ГИ НАЈДЕ под дрво и камен. И повторно се враќаме на суштината.
Кога на човека ќе му кажеш тоа што сака да слушне си остварил комуникација.
Си го добил неговото внимание и време.Обезбедил простор за промовирање на твојата вредност, не предмет.
Имаме ли производ што дава резултати, квалитет, трае тогаш треба да зборувам за неговата вистинска вредност.
За тоа колку ви треба, колку ќе добиете за она ситно пари што ќе издвоите за него. Се разбира сето ова функционира ако и САМО АКО  производот вреди.
Колку год да кошта ….ако не ми треба не давам пари.

No comments:

Post a Comment