Thursday, May 30, 2019


Помагала кои само ќе се надополнат на вашиот став за потребна реинкарнација.

Добро организиран и воден бизнис по автоматизам дава добри резултати. Обратното би било дека генерално работите би оделе на лошо. Познато е дека ако е лошо потребно е да се смени нешто за да тргне на добро.Реинкарнација


Преминот во друго тело после смрт е дел од нечии религии

Реинкарнација се смета за доктрина или метафизичко верување дека некој основен дел од живото битие после смртта сè уште живее и се раѓа во ново тело.
Размислувањата денес во модерните токови на бизнис одат до такви длабочини до такви детални анализи да помалку се заборава на основата за успех.
Тука и настанува грешката.
Да се смениме ние а не работите околу нас.
Отука и нашата денешна паралела со реинкарнација.
Доколку намерите, желбите и вештините на нашиот дух се спремни за успех а телото не, тогаш е потребна хитна реинкарнација. Промена на телото во подобро тело. Во тело што ќе се носи со дисциплина, нови вештини и кое ќе ги поднесе товарите на успехот.
Доколку не ви се допаѓа како се случуваат работите околу вас потребна е хитна реинкарнација, денес и овде каде сте.

Помошни алатки при реинкарнација

Реинкарнација никако не подразбира одземање на својот живот па преоѓање во друго тело, поуспешно :-)
Реинкарнација во животот како процес на надградување себеси, како спремност да допрат до вас новите информации за нови вештини за нови поуспешни методи за вас и вашето работење. Без обзир дали е работа или сопствен бизнис.
Ако се сложивме дека треба да се стартува со огромна желба за успех, за тоа значи и желба за промена како би се дошло до таму. Ако  додадеме потреба за смена, тогаш останува прашањето како.
Наједноставен начин е да се расфрлите на повеќе страни како би собрале информации каде да најдете мотивациски информации.  Наједноставен начин и најефтин е Интернет.
Од видеа до текстови всушност како и овој, кои ќе ви ја подзагрее желбата во вас за брзи и целосни промени.
Од лични искуства до приказни и анегдоти до стручни статии за проблематиката со која се бавите.
За поткрепа дека она што го сакате е вистински чекор. Би било добро да во се ова имате подршка и од најблисклите но тоа се надворешни фактори без кои се може. Некогаш полесно или потешко со и без нив.
Ние одовде, од ова место можеме да ви понудиме цел систем на подршка за оние кои сакаат. Систем за реинкарнација само на подобро и никако нешто друго.
Стартуваме со линк за контакт  а потоа и дозвола за вас да на интернет планетата се докажете во својата нова реинкарнација.

No comments:

Post a Comment