Thursday, May 30, 2019

Колку време имате за да стигнете до доктор 

Мозочен удар на просторите од балканскиот полуостров има најголем процент на раст.
Со напомена дека сеуште мозочниот удар е прв меѓу причините за изгубен живот кај жените а втор кај мажите.
Познато ни е дека на овие простори процентуално поголемиот дел од жителите живеат стресно и не здраво. Мал дел отпаѓа на надворешните влијаниа сепак поголемиот дел од причините се содржани во две групи.
Првата група причини е од фактот што луѓето не ги третираат за озбилно симптомите. Што не ги лечат пропратните заболувања и не се придржуваат кон препораките на докторите.
Втората група има врски со недоволно брзо реагирање при појава на симптоми за мозолен удар. Некои и не ги познаваат доволно а некои многу споро реагираат кога ќе увидат симптоми на мозочен удар.

Превентивата секогаш е успешна

Здравиот начин на сихрана секогаш телото го става во надмоќна позиција како над мозочниот удар така и над 75% од болестите. Хранливите состојки го зголемуваат отпорот на телото. Водата помага да не доаѓа до дехидрација и О, кислородот до здраво функционирање на секоја ќелија.

мозочен удар
Телото може и само да се излечи но мора да му дадете шанса.
Закључокот на кратко би бил -Жива храна, вода и рекреација
На нашиот сајт ќе најдете многу статии околу начинот на исхрана и додатоците, но во оваа прилика ќе се задржиме на реакции кај симптомите за мозочен удар.
Мора да се запамти:
-При секој најмал симптом на мозочен удар мора да се реагира, да се оди на лекар или викне брза помош.
Никако да се чека да помине  или “ништо не е ќе помине“- Никако НЕ.
Кај мозочниот удар е случај да се јави како мал удар но веќе утредента да се јави како поголем и фатален.

Кои се постапките

По јавувањето на симптом за мозочен удар може да се реагира најкасно 4,5- 6 часа, зависи дали отклонувањето на тромбот може да е со медикаменти или механички.
Американскиот национален институт има извршено испитувања врз пациенти и добиени се резултати кои велат:мозочен удар
-Кај пациенти со симптоми на мозошен удар ако во рок од 3 часа по истите добијат терапија, имаат шанси 30% да се извлечат после 3 месеца со минимални последици или никакви.
Секоја минута е важна. 
Кој се чекорите што треба да се направат како би се воочиле симптомите за мозочен удар?
  1. Внимателно погледајте дали е лицето симетрично кај пациентот. Доколку надвисува едната страна, побарајте од особата да се насмее. Ако сте во можност да комуницирате. Ако не може да ги подигне двата краја на усните викајте брза помош.
  2. Доколку говорот е неразбирлив и чуден, несекојдневен за таа особа. Доколку повторува збосови и не се разбираат, исто така треба да реагирате, што побрзо.
  3. Побарајте да ги подигне рацете. Доколку едната може а другата не и е без контрола е знак за узбуна .
Се надеваме дека бар малце ќе ви помогнеме да ги имате информациите на време. Минутите кај мозочниот удар се многу важни. Суплиментите многу можат да помогнат, бидете чекор пред болестите, ЛИНК
Се разбира вашата присебност е на прво место. Значи паниката никако не треба да е присутна во овие моменти.

No comments:

Post a Comment