Saturday, January 26, 2019


Успех Во МЛМ Создај Слика Не Празен Збор

Промовирањето е половина завршена работа

 0

Во Мулти Левел Маркетингот успех е- доловување на нештата

Успех во МЛМ е условен со неколку детали. Првично во МЛМ е многу важно да се ПРОМОВИРААТ нештата.Никако сувопарни информации кои даваат само инфо за нешто, некој и некаде.
Под вистинско промовирање се подразбира моментот кога доловувате слика на настаните што треба да се случат, за да бидат посетени од вашите соработници.Успех во МЛМ
Слика за личноста која ќе биде гостин и говорник, слика  опис што стои како успех позади таа личност зошто сме во загуба ако пропуштиме.
Ако малце посветиме внимание на овие слики, ќе видиме дека на сите нас тие ни се некако врежани во животот.
Сите ние имаме слика од местата драги и помалце такви. Слики од особи во нашиот живот, нормално нај јаки се оние позитивните- убавите. Е такви треба да им доловуваме на нашите соработници.

Успех во МЛМ поради Постер

Најчесто во приказната на успешните од МЛМ ќе чуете дека има некоја форографија. Обично тоа е онаа која тие си ја зацртале како план но и физички била секогаш на нивното биро или како Постер на зидот. За да наутро кога ќе станете биде првата слика што ќе ја здогледате. А се со цел да стане многу посакувана.
Успехот во МЛМ зависи од посакувањето на таа слика, тоа на неа.
Кога тој постер го немаме при рака тогаш мораме да научиме како да го доловиме.
Во случај на многу важен собир или школување потребни ни се овие Постери зада соработниците посакаат да бидат и тие таму. Ако е постерот добар ќе не придржуваат ако не…тешко
Успех во МЛМУспехот во МЛМ  е поврзан и со тоа како сме ги научиле да они на своите соработници им го доловуваат тој постер.Кога е тоа добро сработено, вообичаено на такви собири ние имаме многу свои соработници а после настанот редовно ни се случува да ни експлодира бизнисот, “да отиде се до плафон“.
Чуму да се мачиме да раскажуваме каде сме биле кога можат и они да дојдат со нас.
Затоа грижата и следењето на секој наш соработник е важен дел од нашето функционирање – follow up.
Навремено ги информираме кога следи настан, да со време се спремат и со време почнат со:
промовирање пред настанот
Успех во МЛМ-за време на настанот
и после настанот промоција

Заедно оформување на сликата за успехот нивни и на нивните соработници.

Успех во МЛМ од лично искуство:
За прв пат од моето МЛМ работење се најдов на некакво си школување во Милано-Италија. Дојден поради сосема друга работа залутан, изгубен, зачуден каде сум и што ли барам таму не ни мислев дека се тоа моментите што прават разлика.
Започна настанот, се се одвиваше по планот, сликата почна да се оформува. Во еден момент се појави некој си Jim Rohn. Неговиот говор требаше да ни помогне како да сме доловеле големе слика голем ПОСТЕР. Некои луѓе овој господин го плаќале милиони за да ги научи а јас за беспари го слушав и учев. На крајот од предавањето ми беше јасно зосто милиони.
Тоа беше настан на кој после 20 години се сеќавам како од вчера. Настан поради кој ми беше жал за минутите џабе поминати по скопските улици, за годината помината во војска, за сите секунди чекање автобус, некако сватив дека уствари можам многу.
Успех во МЛМ на пат од Милано до Скопје
На патот до дома не прозборев ништо, многу мисли, слики ПОСТЕРИ.
Знам дека пробав на соработниците да им доловам што се случи, пробав. Успех во МЛМ
Наредното одење за Милано бевме цел изнајмен автобус
Постерот си ја заврши работата. Секако мора од таа страна да има некој кој сака да го види, оној кој ќе поверува . Наше е да промовираме каде ќе стигнеме, и онака многу расправаме бистриме политика , вака барем да помогнеме некому на подобро а и себеси и на своите.
Споделете го и вие овој линк, помогнете некому кому во овој момент му треба, бара можност плус за себе.

No comments:

Post a Comment