Дали земјите во развој се плодно тло за МЛМ?
Мулти – Левел Маркетинг или мрежен маркетинг накратко преставува здружување на повеќе лица околу една идеја, еден или група производи. Само запослени, без управни одбори, шефови и газди. Дали ваквиот начин на организација доведува до безвластие и хаос во трговијата, без хиерарјиха на пазарот и анархија за клиентите?
За да ја изанализире тезата дека се работи за измама на столетието најдобро е да ги запознаеме МЛМ компаниите. За да го победиш- подобро запознајго.
Ќе стартуваме од оние најголемите МЛМ компании, оние кои се на пазарот 40-50 и 60 години.
Мулти – Левел Маркетинг начинот на продажба е добар начин да излажеш многумина за лош производ, ама мора да си многу добар ти и твоите дистрибутери за тоа да го правите 50-60 години и тоа низ целиот свет. Каде законите не се исти и каде правниот систем ги штити клиентите. Во неразвиените земји каде правниот систем е на ниви на Банана држава најлесно е да излажеш некого. Посебно ако ми кажеш дека ќе се излечи или ослаби и подмлади. Ај 2-3 години, а можеби некој и може 50.
Заобиколи ги законите и собери им ги парите на оние кои не знаат
Мулти – Левел Маркетинг Сепак најдобро тло место за расплод наоѓа во земји каде образованието е најниско. Каде населението не само што не е образовано него и е со многу мал коефициент на интелегенција. Ќе се сложите на такви места е најлесно да им ги соберете парите на луѓето и да си заминете.
Кај нас во Македонија има повеќе Мулти – Левел Маркетинг компании. Само што неможам да го спојам тоа дека овде луѓето се со мал коефициент на интелегенција и дека истите компании си заминале. Уште ги гледам момците што “усисаваат“ оние што “учат како здрево да се храниш“ и оние што “разубавуваат“. На жалење на “експертите“ има и такви кои многу добро придонесуваат за суфицитот во државава. Јас колку имам сознанија Суфицит е она кога ти заработуваш многу во странство и девизите ги трошиш тука.
Во Соединетите Американски Држави ако некој ти продаде чкарт роба или недај боже нешто што е штетно за твоето здравје, може да го тужиш. Не само тоа да го тужиш и да го одереш неговото осигурување. Да се обезбедиш за цел живот – ако преживееш НЕЛИ.
Мулти – Левел Маркетинг компаниите таму значи мораа да имаат екстра квалитетни производи. Во спротивни ќе ги одерат адвокатите и оштетените странки – клиенти.
Е ама кај нас, каде нема луѓе со низок коефициент на интелегенција опстојуваат од 80-те и 90-те па до денес, и сеуште има од оние кои се фалат. “Некако измамава многу голема ми изгледа“.
Храна, здравје убавина и пари треба секаде на светот
Мулти – Левел Маркетинг компаниите функционираат скоро во секое ќоше на планетава. Има многу стручњаци кои велат
–не само што се измама туку и дека се лаже за нивните годишни промети. На тој начин ги врбувале луѓето. Што повеќе лажат повеќе луѓе се вклучувале….
Ајде да видиме што вели Чичко Google за ова. Дали овие наши елсперти се во право? Да видиме кој се најдобрите Мулти – Левел Маркетинг компании?
No comments:
Post a Comment