Wednesday, January 30, 2019


МЛМ, НЕ Да Премине Во ДА-За Секое Не 100 Денари

 0
МЛМ, НЕ прејде во ДА- одбивањето го претвориме во прифаќање

Дали НЕ  е навистина НЕ или само привремено ?


Во МЛМ во контакт со луѓето ние промовираме искуство од производи и ефект од сработеното. Во овие контакти често ќе наидуваме на  одбивање  на нашата промоција ма каква она била.
Не смееме едно НЕ да не врати назад, да ни ги сруши плановите, да не оддалечи од целта.
МЛМ, НЕ прејде во ДА за да не се срушиме
Ако претходно одредивме цел, имаме план тогаш сето тоа го ставаме во АКЦИЈА. СЕ активираме и тргнуваме во правец ЦЕЛ.
Попатно може и да залутаме, малце лево, десно повеќе удоле отколку угоре. Со добра дисциплина можеме и дирекнот право најбрзо до целта.
Попат во разговор со луѓето ќе слушнеме секакви мислења што вистинити ама многу такви што тоа не се. Попат кога ќе понудиме продукти што менуваат живот и ќе не одбијат, ќе чуеме НЕ.
МЛМ, НЕ прејде во ДА затоа што тие така ќе решат

ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ, ПОУБАВ ИЗГЛЕД И ПОВЕЌЕ ПАРИ

Да, иако нашата приказна во фундаментот: ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ, ПОУБАВ ИЗГЛЕД И ПОВЕЌЕ ПАРИ. Секогаш ќе има такви што ќе го одбијат тоа и не поради нас туку исклучиво поради самите себе. Што ради тоа што не се спремни за промена што ради тоа што грижите им натегнале и од својот ГАРД не можат да видат прилика.
Ако приказната наша е искрена вистинска со полно лични искуства на деветото НЕ доаѓа гомемото ДА. Големото ДА што ќе го слушнеме е однапред донесена одлука на луѓето да променат нешто во својот живот, нивна е не наша. Ние само треба да продолжиме со наредните девет.
Во животот најмногу успех имаат оние кои се изнаслушале многу пати НЕ. Oние кои се изнаслушале најмногу оправданија зошто НЕ е НЕ. Од оние кои се граничат со научна фантастика до невкусни.Приказните и оправдувањата секогаш имаат заеднички именител НЕ САКА.
МЛМ, НЕ прејде во ДА-кога е Не обично и не слуша понатаму…
Во животот ретко кога поминува МОЖАМ И НЕ МОЖАМ, секогаш во позадината на тоа е САКАМ И НЕ САКАМ.  А ако  НЕ сака, тогаш  не е наменето кон нас и против нас  едноставно НЕ сака, затоа десетиот САКА.

ЕДНО НЕ, МИ НОСИ ЗАРАБОТКА ОД 100 ДЕНАРА

Така дури можеме на сите што не одбиле со НЕ да им се заблагодариме бидејќи сме заработиле и покрај нивното одбивање. Тоа често пак предизвикува интерес како и зошто.
Па добиваме интерес за работа. На идниот колега, можеме слободно да му дадеме линк за текстов.
МЛМ, НЕ прејде во ДА, зголемување на вредноста на НЕ
 Ако ги врзам 10 000 долара со 100 денари во планот за целта, после извесен краток период месечната заработка ќе ги надмине очекувањата. Па  дури и на околината. Е тогаш доаѓа до ефектот на лично искуство, кога сите претходни НЕ сега ќе сакаат затоа што нели сето тоа било вистина што сме го говореле.
Така вредноста од 100 денари на едно НЕ со текот на времето станува многу поголема.
Инвестирајте во секое НЕ, со тек на времето нивната вредност расте.
Споделете го и вие овој линк, помогнете некому кому во овој момент му треба, бара можност плус за себе.

No comments:

Post a Comment